Aston Martin DB11 доби и V8 турбо-бензинец – и тоа од AMG! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin DB11 доби и V8 турбо-бензинец – и тоа од AMG!

Aston Martin конечно и официјално објави дека новиот DB11 ќе може да се нарача и со V8 мотор – и тоа со 4-литарскиот твин-турбо V8 од AMG!


Во кратки црти, моторот нуди 503 коњски сили и 695 Nm вртежен момент, и ќе му овозможи на DB11 да забрза до 100 километри на час за рамно 4 секунди и да продолжи да забрзува сè до максималните 301 километар на час. Колку за споредба, DB11 со 5.2-литарскиот твин-турбо V12 кој има 600 коњски сили и 700 Nm вртежен момент забрзува до 100 километри на час за 3.9 секунди и постигнува максимални 321 километар на час.

Сличните перформанси се благодарение на полесниот V8 – DB11 со V8 мотор е полесен за цели 114 килограми – не баш незначителна бројка, а сето ова ветува дека најверојатно V8 изведбата ќе има подинамично управување од големиот V12. Како дел од трансформацијата, DB11 V8 добива и нов „систем за дишење“, нов издув, нов систем за лубрикација, а рекалибриран е и софтверот на моторот за да понуди поуникатно, Aston Martin искуство. Дополнително, ревидирана е и суспензијата, а V8 моделот ќе го препознаете по темните рамки на предните свтела, двата (наместо четири) отвори на поклопецот на моторот и специјалните тркала од лесна легура.

Веќе се отворени нарачките, а првите купувачи ќе ги добијат своите автомобили на крајот на оваа година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.