Hyundai навестува дека ќе добиеме N-изведби и на Tucson и Veloster! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai навестува дека ќе добиеме N-изведби и на Tucson и Veloster!

Hyundai се подготвува официјално да ја лансира својата N-дивизија со новиот i30 N, но „шефот“ на спортскиот оддел најавува дека можеме да очекуваме и други модели во гамата.


Во интервју дадено за Drive, одговорниот за Hyundai N – Albert Biermann – потври дека се работи на уште неколку модели со високи перформанси. Како што тој кажува, приказната „започнува со Ц-сегментот и fastback ќе следи, а веќе се работи за концепти од Б-сегментот но и SUV.“

Тој не потврди за кои модели точно станува збор, но кога зборува за Fastback претпоставуваме дека зборува за Veloster, бидејќи постоечкото Genesis Coupe ќе биде дел од Genesis брендот и тој сегмент во понудата на Hyundai (барем за сега) ќе остане празен. Дополнително, тој наговести дека Tucson најверојатно ќе добие N варијанта, со оглед на популарноста и успешноста на моделот. Тој навести дека моделот ќе има пониска суспензија, спортски пневматици, подобрено управување и „многу моќност.“ Со оглед на тоа дека Biermann доаѓа од BMW M, воопшто не изненадува неговата изјава дека имаат добра платформа со Tucson која е одлична за SUV со високи перформанси.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.