Hyundai го премина Антарктикот со речиси стандарден Santa Fe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai го премина Антарктикот со речиси стандарден Santa Fe

Hyundai заедно со тим авантруисти рекреираше експедиција направена од Sir Ernest Shackelton, чија цел беше целосно преминување на Атартикот.

Јужно-корејскиот производител успеа да го најде правнукот на легендарниот истражувач и го снабди со речиси обичен Santa Fe 2.2 дизел, за да го исполни ова патување. 30-дневното преминување било направено во Декември 2016, точно еден век по Транс Антарктичката експедиција во чест на неговиот прадедо и неговиот екипаж.

Сто години порано, потребни биле дури две години за да биде завршено патувањето, што го прикажува прогресот кој модерните технологии го донесоа во нашите животи. Експедицијата започна од Union Camp, потоа продолжи кон McMurdo, и на крај се врати назад.

5,800 километри долгото патување се одвивало низ замрзнат терен и многу ниски температури. Автомобилот Santa Fe 2.2 Diesel бил модифициран да работи на Jet A-1 гориво – единственото кое може да се најде на тој континент. Исто така моделот бил опремен со поефикасен греач за да може да се справи со ладното.

Останатите модификации вклучуваат подигнување на каросеријата и опремување со големи пневматици со низок притисок. Инсталирано било и ново подвозје заедно со нова суспензија и резервар за гориво со поголем капацитет, со цел да се зголеми опсегот.

Претпоставуваме дека ова достигнување најверојатно ќе поттикне и други авантуристи и компании да го повторат истото, па дури и да го победат времето поставено од Hyundai со автомобил.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.