Lumma Design подготви широк бодикит за новиот Range Rover Velar – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lumma Design подготви широк бодикит за новиот Range Rover Velar

Германската тјунинг компанија претстави пакет за дотерување на екстериерот на најновиот модел на Range Rover, по повод 30-годишниот јубилеј на фирмата.

Наречен Lumma CLR GT Limited Edition, пакетот содржи пошироки додатоци на страничните крила кои му даваат поагресивен став на кросоверот. На предниот дел се наоѓа и поизразена решетка со елементи од карбон, додека поклопецот на моторот и страничните прагови добиваат карбонски отвори за вентилација.

Специјалната „Forest Green“ зелена боја на каросеријата и „Jet Black“ црната боја на кровот, заедно со специјалниот сет на дизајнерски Lumma алуминиумски тркала го прават моделот значително повпечатлив од стандардната изведба.

Задниот дел добива нов издувен систем со четири издувни цевки, интегрирани во карбонски заден дифузер, а тука е и карбонски спојлер на задната врата. Како што е вообичаено за моделите на овој тјунер, Range Rover назнаката е заменета со “Luma CTR GT” лого.

Цената за овој пакет кога тој ќе излезе во продажба не е објавена, но се очекува дека нема да биде ниска. Новиот Range Rover Velar започнува од 50,000 долари во САД, но цената може да достигне до 103,000 долари кога ќе се селектираат сите понудени опции.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.