Тјунерската компанија TechArt подготви пакети за засилување и дотерување на двата спортисти на Porsche.
Овој пакет ја зголемува силата на 2.5-литарскиот motor на 400 кс и 480 Nm вртежен момент. Тоа значи 50 кс и 60 Nm повеќе во споредба со стандардниот модел, што му овозможува намалување на забрзувањето од 0-100 км/ч за 0.3 секунди – на 3.9 секунди – додека времето за забрзување од место до 200 км/ч е скратено за 0.5 секунди – на 14.2 секунди. Максималната брзина е исто така зголемена, од 285 км/ч, на 296 км/ч.
За подлабок звук тука е нов издувен систем со две централни титаниумски издувни цевки со карбонски завршетоци. Екстериерот е дотеран со нов аеродинамичен бодикит, кој додава издолжен преден браник, заден дифузер кој го опкружува издувниот систем, и фиксен заден спојлер. Пакетот опфаќа и 30 милиметри пониска суспензија со сет од 21-инчни Formula IV алуминиумски фелни, достапни во повеќе бои.
Последните додатоци се карбонските делови и детали додадени во кабината, заедно со специјалниот тапацир, декоративните опшивки, инструментите во контрастни бои и лакираните површини.