Следната генерација на Peugeot 208 најрано ќе пристигне во 2018 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Следната генерација на Peugeot 208 најрано ќе пристигне во 2018

Францускиот производител веќе подолго време развива наследник на актуелниот 208, а според последните информации новиот модел ќе се појави на пазарот во текот на следната година.

Новата генерација ќе биде поставена на новата модуларна платформа на PSA со ознака CFM, која ќе овозможи зголемување на надворешните и внатрешните димензии, а истовремено и намалување на масата на возилото и тоа за околу сто килограми. Споменатиот раст на моделот првенствено ќе се однесува на ширината и меѓуосовинското растојание, додека должината ќе остане непроменета.

Новата платформа ќе овозможи и вградување на најновите бензински и дизелски мотори на PSA, како и хибридни погонски единици. Бензинските верзии ќе произведуваат помеѓу 70 и 150 кс од три-цилиндарски 1.2-литарски мотор. Врвниот 208 GTi ќе добие подобрена верзија од 1.6-литарскиот четири-цилиндарски THP турбо-бензинец со околу 220 кс.

Што се однесува до дизајнот, новиот модел значително ќе се оддели од моменталната генерација. Поточно, внатрешноста ќе ја добие најновата генерација на популарниот i-Cockpit ентериер прилагодена на помалите димензии на моделот, додека екстериерот ќе добие поагресивни и поостри линии преземени од новите 3008 и 5008.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.