Пристигна новиот Alpina B5 Bi-Turbo со 600 коњски сили и 800 Nm! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна новиот Alpina B5 Bi-Turbo со 600 коњски сили и 800 Nm!

Додека го чекаме новиот M5, Alpina ја претстави својата визија за изведба на Серија 5 со високи перформанси.

Неодамна претставен на саемот во Женева, новиот B5 на Alpina е нивниот најбрз модел до сега. Тоа го потврдуваат бројките од неговото забрзување од 0-100 км/ч за само 3.5 секунди, 0-200км/ч за само 11.4 секунди и максималната брзина од 330 км/ч.

Подобрувањето на перформансите е добиено со доработување на 4.4-литарскиот V8 твин-турбо агрегат на 600 кс и 800 Nm максимален вртежен момент. Тоа е незначително подигнување на силата, но значително зголемување на вртежниот момент од изведбата 30 Jahre edition која е најбрзата M5 верзија до сега.

Новиот B5 исто така располага со погон на сите тркала, управување со сите четири тркала, како и осум-степена автоматска трансмисија со Connected Shift технологија која го одбира идеалниот степен на пренос според податоци собрани од GPS локацијата.

За разлика од M5, новиот B5 ќе биде може повеќе да им удоволи на пофамилијарни ориентираните купувачи бидејќи ќе биде понуден и во караванска изведба. Цените во Германија почнуваат од 112,000 евра со вклучен данок или 7,700 евра повеќе од цената по која BMW го нудеше веќе застарениот M5 пред да ги затворат книгите за нарачка.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.