По 12 месеци од претставувањето на Bugatti Chiron на минатогодишниот саем во Женева, конечно првите примероци од хиперавтомобилот се на пат кон нивните купувачи.
Првите три примероци се испратени кон нивните најценети купувачи во Европа и Средниот исток. Цените на Chiron започнуваат од околу 2.4 милиони евра во Европа, без вклучени даноци (секако). Ова е само првата тура од 70-те примероци на Chiron кои Bugatti ќе ги произведе оваа година, а сите од нив ќе бидат составени во производната фабрика на брендот во Molsheim, Франција.
За да се создаде еден примерок на Bugatti Chiron на тимот од инженери им се потребни шест месеци, во кои тие треба да состават 1,800 посебни делови, на 12 станици, откако купувачите веќе ќе ја одберат нивната совршена комбинација на бои – ние еднаш веќе пишувавме за процесот на производство на Chiron.
Срцето на хиперавтомобилот доаѓа од фабриката за мотори на VW групацијата во Залцгитер. Кога е комплетиран и подготвен да биде сместен под поклопецот на Chiron, моторот произведува 1500 кс и 1600 Nm вртежен момент.
- Bugatti Chiron Molsheim
- Bugatti Chiron Shooting 2017 BAM Photography