Range Rover официјално го претстави новиот Velar – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Range Rover официјално го претстави новиот Velar

Британскиот бренд сака да ја пополни секоја празнина во својата понуда, па денес го претстави Velar – новиот SUV кој во понудата на Range Rover ќе биде меѓу Evoque и Range Rover Sport.

Range Rover Velar ја алуминиумската архитектура со Jaguar F-Pace и со него британскиот производител ќе проба да „украде“ купувачи од некои од германските конкуренти. Стајлингот на Velar е сличен на останатите модели на брендот, па лесно ќе препознате детали кои се „украдени“ од Evoque но и големиот Range Rover Sport. Сè на сè, дизајнот го карактеризираат меки и флуидни линии, без премногу непотребни детали – но веднаш ќе препознаете дека се работи за модел на Land Rover, односно Range Rover.

Во кабината Velar добива два ултра-широки 10-инчни екрани, од кои едниот се користи за инфозабавниот систем во горниот дел на конзолата, а другиот, поставен веднаш под него задржува неколку физички прекинувачи. Land Rover го нарекува овој систем Touch Pro Duо, и системот користи Intel процесор со четири јадра и SSD со капацитет од 60 гигабајти. Меѓу другите технологии ги истакнуваме Matrix LED предните светла кои „фрлаат“ светлина дури 550 метри пред возилото, како и 12.3-инчен дигитален панел со инструменти.

Velar ќе се нуди исклучиво со погон на сите четири тркала и 8-брзински автоматски менувач, а купувачите во Европа ќе можат да го добијат со неколку различни мотори. В0 понудата ќе биде 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 250 коњски сили, како и 3-литарски V6 кој ќе нуди 380 коњски сили. Поатрактивни за европските купувачи ќе бидат турбодизелите кои се нудат во форма на 2-литарски турбодизел со 180 и 240 коњски сили, односно 3-литарски V6 турбодизел со 300 коњски сили.

Понатаму можеме да очекуваме помоќна SVR изведба, а во план е и хибриден модел кој понатаму би се приклучил на понудата. Продажбата ќе започне веќе ова лето.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.