Volvo полека но сигурно го открива новиот XC60! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo полека но сигурно го открива новиот XC60!

Шведскиот производител инвестира многу во новиот XC60 – и веќе почна да објавува некои детали за наследникот на супер-популарниот SUV!

Новиот XC60 ќе го има главното место меѓу понудата на Volvo на саемот во Женева – и има зошто – „помалиот“ SUV е еден од најпопуларните модели на брендот. Токму затоа, Volvo со XC60 ќе презентира неколку нови напредни системи за асистенција кои ќе го направат XC60 побезбеден од било кога.

Особено важен е новиот City Safety програм кој сега покрај автоматското сопирање, може да преземе контрола и врз управувањето со цел да избегне потенцијален судар. Системот за асистирано управување ќе функционира меѓу 50 и 100 километри на час, и ќе соработува со два други системи.

Првиот систем е Oncoming Lane Mitigation системот кој го предупредува возачот доколку ја напушти коловозната лента и ќе му асистира за да го врати во саканата лента на движење. Овој систем функционира меѓу 60 и 100 километри на час и го користи и Blind Spot Information системот кој може да го преземе управувањето за да избегне несакан контакт со возило кое е во таканаречената слепа точка.

Според директорот на Volvo Cars Safety Center – Malin Ekholm – „XC60 ги има сите придобивки од безбедносната технологија која веќе е претставена кај 90-серијата. Ова е целосно во согласност со нашиот стратешки пристап да развиеме автомобилски системи кои се базирани на реални услови и реална безбедност на патиштата. Нашата визија веќе ја знаете – не сакаме никој да загине ниту да биде сериозно повреден во ново Volvo возило веќе од 2020-тата година.“

Поврзано:  EX60 ќе биде првото возило на новата SPA3 платформа на Volvo

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.