Hyundai во Женева ќе ја претстави караванската изведба на новиот i30 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai во Женева ќе ја претстави караванската изведба на новиот i30

Иако сега за сега е понуди само една мрачна фотографија, корејскиот производител гордо ја најавува караванската изведба на новиот i30, чија премиера е закажана за следниот месец во Женева.

Луѓето од Hyundai веќе потврдија дека планираат да ја прошират i30 фамилијата со неколку различни варијанти на моделот, а првата алтернативна верзија која ќе му се придружи на хечбекот е практичниот караван.

Според она што можеме да го видиме од фотографијата, не треба да очекуваме драстични измени во дизајнот – на караванскиот лик му се додаваат и изменети задни светлосни групи, но големите измени завршуваат тука. Палетата на мотори се очекува да биде истата која се нуди и кај хечбекот, а тоа значи дека купувачите ќе можат да изберат меѓу три бензински и три изведби на 1.6-литарскиот турбодизел.

Секако, главниот адут на караванскиот i30 ќе биде неговата практичност и просторност. Иако сега за сега не се објавени точни бројки во однос на багажниот простор, од Hyundai најавуваат дека новиот караван ќе биде меѓу најпрактичните во класата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.