ПРЕМИЕРА: Škoda Kodiaq Scout – Робустниот изглед ги истакнува теренските способности – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Škoda Kodiaq Scout – Робустниот изглед ги истакнува теренските способности

Големиот SUV на Škoda станува уште поинтересен – со новата Scout изведба чешкиот производител ги истакнува теренските можности на новиот Kodiaq!

Чешката дивизија на Volkswagen групацијата ја продолжува својата SUV офанзива. Новиот Kodiaq Scout официјално ќе биде претставен во Женева, но Škoda веќе ги објави првите официјални фотографии и деталите за поробустната изведба на новиот SUV.

Робустниот изглед се добива благодарение на дополнителните заштитни панели поставени под и околу Kodiaq, а уникатни се и многуте сребрени детали кои дизајнерите на Škoda ги искористиле да ги потенцираат теренските можности. Kodiaq Scout добива и уникатни 19-инчни тркала, затемнети задни стакла, дискретно стилизирана маска на ладилникот во сребрена боја, а во истата боја се обвиени и кровните носачи, страничните ретровизори, декоративните лајсни околу прозорците и заштитните панели.

Како што и можете да погодите, Kodiaq Scout ќе се нуди исклучиво со погон на сите четири тркала. Купувачите ќе можат да изберат меѓу два турбо-бензински и два турбодизел мотори – во аголот на бензинците се 1.4-литарскиот TSI со 150 коњски сили кој забрзува до 100 километри на час за 9.8 секунди и троши 6.8 литри на 100 километри и 2-литарскиот TSI кој има 180 коњски сили, забрзува „до стотка“ за рамно 8 секунди и троши 7.3 литри на 100 километри; а во аголот на турбодизелите се две варијанти на 2-литарскиот TDI со 150 или 190 коњски сили кои забрзуваат до 100 километри на час за 9.5 односно 8.9 секунди, а трошат 5.3 односно 5.7 литри на 100 километри.

Секој Kodiaq доаѓа со Off-Road Assist, Rough Road пакет со заштита поставена под автомобилот и моторот, Drive Mode Select со неколку режими на работа и многу, многу опрема. Секако, главен примат зема погонот на сите четири тркала кој во нормален режим ги придвижува само предните тркала за да заштеди гориво, но кога е потребно може да дистрибуира сила и кон задните тркала и да обезбеди тракција во сите услови. Kodiaq Scout е оддалечен од подлогата цели 194 милиметри и има агол на пристап, односно заминување од 22 односно 23.1 степен.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Освежениот Enyaq влегува во Modern Solid ерата на Škoda

Škoda Kodiaq Scout официјално ќе биде претставен на Саемот на Автомобили во Женева на почетокот на Март.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.