Веќе ги видовме официјалните фотографии и ги прочитавме информациите, но сега е време да го запознаеме новиот Aventador S во неговата природна средина.
Прикажан во две видеа, најновиот суперавтомобил на Lamborghini ги поканува ентузијастите „да се обидат да се надминат себеси“ и да бидат горди со своето „его“, а истовремено ги објаснуваат подобрувањата во аеродинамиката, прилагодливиот погон на сите тркала, активната суспензија и правувањето со сите четири тркала, за прв пат и во модел на Lamborghini.
Спореден со стандардниот Aventador, новиот Aventador S добива дополнителни 40 кс на 6.5-литарскиот природно аспириран агрегат, кој сега испорачува 740 кс и 690 Nm вртежен момент кон сите четири тркала преку седум-степен менувач со двојна-спојка. Благодарение на ова, суперавтомобилот забрзува од 0-100 км/ч за 2.9 секунди, додека максималната брзина е зголемена на 350 км/ч.
Погледнете ги видеата и запознајте се подетално со лутиот бик!