Range Rover Sport SVR – „Стотка“ за околу 5 секунди, на било која подлога! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Range Rover Sport SVR – „Стотка“ за околу 5 секунди, на било која подлога!

Големиот SUV на Range Rover тежи замашни 2335 килограми – но благодарение на 5-литарскиот компресорски V8, ѕверот од SVR може да постигне импресивни резултати!

Во ред – приказната ја знаеме сите. Земете голем (и тежок!) луксузен SUV, во него сместете го најголемиот и најмоќниот мотор кој можете, и она што ќе го добиете е подготвено да ги извитка законите на физиката. Токму тоа се случува и со големиот Range Rover Sport SVR. Под поклопецот на 2335-килограми тешкиот SUV се крие 5-литарски компресорски V8 кој испорачува 550 коњски сили и 680 Nm вртежен момент. Благодарение на ова „чудовиште, RR Sport SVR забрзува „до стотка“ за само 4.7 секунди – на асфалт!

Но што се случува ако наместо асфалт, изберете друга подлога? Што ако подлогата е снег, или макадам/чакал, или нешто слично? Епа.. Пред да го погледнете видеото, ќе ви кажеме дека големиот RR Sport SVR на чакал ќе постигне 100 километри на час за само 6.2 секунди, на песок или на трева за 5.5, на снег за 11.3 секунди а во кал за само 6.5 секунди.

Импресивни бројки за толку голем автомобил!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.