Јапонскиот бренд веќе некое време најавуваше дека ќе лансира спортска изведба од малиот Yaris, и конечно тоа ќе се случи на овогодинешниот саем во Женева.
Прикажан на фотографиите, спортскиот Yaris доаѓа само со една официјална информација за сега – ќе располага со 210 коњски сили, кои ќе му бидат главно оружје во борбата со конкурентите како Renault Clio RS, Fiesta ST и Volkswagen Polo GTI.
За разлика од пет-вратните модели, „жешкиот“ Yaris ќе доаѓа само во верзија со три врати и нормално, ќе добие подобрувања на перформансите и визуелни надградби. Покрај поголемата сила, градскиот спортист ќе добие аеродинамички додатоци и декоративна графика која потсетува на тркачката шара на WRC моделот.
Повеќе информации очекуваме на неговото јавно дебитирање на автомобилскиот саем во Женева, закажан за неколку месеци од сега.