Утринска Гимнастика: Дознајте повеќе за xDrive системот на BMW! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Дознајте повеќе за xDrive системот на BMW!

xDrive системот на баварскиот производител е еден од најнапредните системи за погон на сите четири тркала на пазарот – па еве можност да дознаеме нешто повеќе.

xDrive системот се добива стандардно кај скоро сите возила од X-гамата на брендот, а може да се добие по нарачка кај скоро сите други модели. Модерниот xDrive нуди варијабилна дистрибуција на вртежниот момент меѓу двете оски, и реагира во десетина од секундата за да ја дистрибуира моќта токму кај она тркало каде е најпотребна.

Прв модел кој доби xDrive погон беше X3 моделот во 2003-тата година. Низ годините, BMW го направи xDrive достапен во целата гама на продукти. Ние неодамна имавме одлична можност подобро да ги запознаеме можностите на xDrive моделите на BMW, и се уверивме во нивните одлични таленти.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.