Професионалниот дрифтер Танер Фауст ни нуди поглед од прво лице кон неговото учество во многуте најразлични класи на моторспорт трки, со сите негови возила.
Тој е еден од најзафатените луѓе во моторспортот. Има доминирано на Formula Drift, Rallycross, X Games, учествуваше во снимањето на дрифтовите во филмот Tokyo Drift, а беше и водител на Американскиот Top Gear. Сега, со помош на неговиот магичен жолт волан не телепортира од седиштето на едно кон друго возило на многу различни локации.
Погледнете го видеото и уживајте во возбудата!