Пронајдена е најстарата Ford Fiesta во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пронајдена е најстарата Ford Fiesta во Македонија!

Ми Да Гранд Моторс ја заврши својата потрага – најдена е најстарата Ford Fiesta во Македонија – која е во сопственост на едно семејство од далечната 1979-та година!

Во салонот на Ми-Да Гранд Моторс Македонија денес беше презентирана најстарата Ford Fiesta во Македонија, која е во сопственост на скопјанецот Бојан Тодороски.
Изборот на најстарото возило од овој модел, според Дритон Заири, директор на компанијата Ми-Да Гранд Моторс, е дел од необичната кампања „Потрага по најстарата Фиеста во Македонија“.

„Преку оваа потрага запознавме многу наши верни клиенти од најразлична возраст, пол, професија и слично. Но, наша цел беше да ја најдеме токму најстарата Fiesta во Македонија и успеавме во тоа. На најстарата Fiesta засега не правевме никакви корекции за да ја задржиме нејзината автентичност. Од утре, овој автомобил, ќе влезе во нашиот сервис за лимарија и во механичкиот сервис и за околу 40 дена, ќе ја претставиме најстарата Fiesta во ново руво“ – рече Заири.

najstara-ford-fiesta-vo-makedonija2

Бојан Тодороски, сопственик на најстарото возило Fiesta, ја пренесе својата лична приказна и соживувања со ова необично возило.

„Како љубител на олд тајмери особено сум среќен што мојата прва љубов – возилото со кое учев да возам – ќе доживее разубавување, подмладување и враќање во првобитната состојба, благодарение на тимот на Форд, МиДа Гранд Моторс“ – изјави 30 годишниот Бојан Тодороски, сопственик, односно наследник на најстарата Фиеста во Македонија која веќе 30 години се наоѓа во семејтвото Тодороски од Скопје“, рече Тодороски.

najstara-ford-fiesta-vo-makedonija1

Моментално се произведува шестата генерација Ford Fiesta, која стартуваше во 2008 година и според Кирил Утевски, продукт менаџер во Ми-Да Гранд Моторс, „Fiesta-та е вистински репрезент на идејата и филозофија на Хенри Форд, кој сакал автомобилот даб биде достапен за секој човек и истовремено, да претставува уживање при возењето. Со епитетот најпродаван мал автомобил во Европа и Македонија, Форд Фиеста продолжува понатаму „Go Further“.

najstara-ford-fiesta-vo-makedonija3

Потрагата по сопстеникот на најстарата Ford Fiesta траеше повеќе од еден месец и секој што поседува вакво возило, се пријавуваше на официјалната Facebook страница на Ми-Да Гранд Моторс со лични податоци, како и податоци и фотографија од возилото. Секако, Ми-Да Гранд Моторс додели симболични награди за сите што учествува во кампањата.

Новата генерација Ford Fiesta веќе е најавена за следната година. Инаку и Македонија се вклучи во глобалното одбележување на јубилејот „40 години Ford Fiesta“, преку организирање на кампањата „СЛАВИМЕ FEISTA“, која досега е продадена во околу 17 милиони примероци. Ова возило е најпродавано мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.