Освежената Škoda Octavia RS е најмоќната Octavia на сите времиња! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежената Škoda Octavia RS е најмоќната Octavia на сите времиња!

По неодамнешното освежување на Octavia, Škoda ја претстави и освежената Octavia RS која сега има на располагање 230 коњски сили и е најмоќната Octavia во историјата!

Врвот на понудата на Octavia се жешките Octavia RS и RS TDI модели. Со освежувањето, бензинската Octavia RS има на располагање 10 коњски сили повеќе од досега – односно вкупно 230 – и тоа ја прави најмоќната Octavia на сите времиња. Турбо-дизелската Octavia RS TDI ги има истите 184 коњски сили, но сега ќе може да се нарача и со погон на сите четири тркала.

skoda-octavia-rs-facelift2

Бензинската Octavia RS под поклопецот носи 2-литарски TSI кој испорачува 230 коњски сили и 350 Nm вртежен момент од 1500 до 4600 вртежи во минута. Спортскиот хечбек забрзува до 100 километри на час за 6.7 секунди а максималната брзина е 250 километри на час. Турбодизелската варијанта (која ние веќе имавме можност да ја возиме) го задржува 2-литарскиот TDI со 184 коњски сили и 380 Nm благодарение на кои забрзува „д0 стотка“ за 7.9 секунди и постигнува максимални 232 километир на час. Како што веќе напоменавме, Škoda Octavia RS TDI може да се добие со погон на предните или со погон на сите четири тркала.

skoda-octavia-rs-facelift3

Како и сите други верзии на Octavia, и новата Octavia RS може да се добие со најновите мултимедијални уреди кои чешкиот производител ги нуди – а врвот на понудата е новиот Columbus систем со 9.2-инчен дисплеј и можност за WLAN хотспот и LTE поврзување. Меѓу системите за асистенција ги истакнуваме Trailer Assist, Blind Spot Detect и Rear Traffic Alert.

skoda-octavia-rs-facelift4

Освежената Octavia RS треба да се појави во салоните наскоро по пристигнувањето на обичната Škoda Octavia

Поврзано:  Skoda покажа блиндирана верзија на оригиналниот Kodiaq

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.