Последното LaFerrari оди на аукција, парите ќе одат во добротворни цели! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Последното LaFerrari оди на аукција, парите ќе одат во добротворни цели!

Примерокот број 500 од Ferrari LaFerrari оваа сабота ќе оди на аукција – и се очекува да се продаде за повеќе од 2 милиони долари!

Дејтона Бич во Флорида е локацијата каде 500-тиот и последен примерок од LaFerrari ќе оди на аукција. Продажбата ја организира RM Sotheby’s, а Sergio Marchionne во Август веќе најави дека парите од продажбата на последниот примерок на LaFerrari ќе бидат наменети за реконструкција на градовите погодени од земјотресите во централна Италија.

Претседателот на RM Sotheby’s изјави дека „вистинска чест е што ни е доверено да го продадеме овој значителен автомобил, и да собереме финансии за важна цел. Земјотресите кои ја погодија централна Италија погодија илјадници, а парите од продажбата на 500-тиот, последен LaFerrari не можат да отидат кон подобра цел.“

Иако не можеме да претпоставиме за колку пари ќе се продаде последниот примерок на LaFerrari, знаеме дека во Америка овој автомобил се продаваше по цена од 1.4 милиони долари – па познавачите очекуваат да се продаде за најмалку 2, а можеби и до 5 милиони долари!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.