Land Rover го изложи моделот Range Rover Sport на досега најтешкиот предизвик – симнување по една од најтешките скијачки патеки во светот.
Патеката Inferno Mürren се протега во должина од 14.9 километри и спушта вертикална височина од 2000 метри, а кога не е прекриена со снег таа поминува низ мраз, карпести предели, кал, распаднат асфалт, трева и земја. Честа за брзо да го вози автомобилот низ овој тежок терен му припадна на поранешниот Стиг – Бен Колинс, а според неговата реакција по завршувањето на возењето ова бил навистина комплексен предизвик.
Погледнете го новиот Range Rover Sport како ги ослободува своите 510 коњи во прекрасната но сурова средина на Швајцарските Алпи!