Opel го најавува Crossland X, подготвува седум нови модели за 2017! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel го најавува Crossland X, подготвува седум нови модели за 2017!

Германскиот производител се подготвува за значително обновување на својата гама – во подготовка се седум нови модели, еден од нив е новиот кросовер кој ќе се вика Crossland X!

Според она што Opel го најавува, Crossland X ќе го следи трендот на спортски и практични кросовери – и ќе биде поставен покрај тековната Mokka. Според претседателот на Opel – Karl-Thomas Neumann – новиот Crossland X ќе користи дизајнерски елементи од малиот Adam. Дополнително, ознаката X ќе ги издвојува практичните кросовери од конвенционалните модели на брендот. Според Neumann, сакале името да пренесе порака на авантуристички и спортски пристап.

opel-crossland-x

Дополнително, Opel ја најави агресивната офанзива на нови модели за следната година. Програмата наречена „7 in 17“ најавува седум нови модели, меѓу кои ги вбројуваме најавениот Crossland X, но втората генерација на популарната и успешна Insignia. Моделската офанзива ќе ја вклучува и новата електрична Ampera E, веќе споменатата Opel Insignia Grand Sport, големиот спортски караван кој ќе ја носи ознаката Opel Insignia Sports Tourer, универзалниот Opel Insignia Country Tourer, цивилната патничка изведба на Vivaro, споменатиот Crossland X и целосно нов CUV во Ц-сегментот кој ќе им се придружи на Astra и Zafira.

Ни се допаѓа амбициозниот пристап на Opel и со нетрпение ги очекуваме сите нови модели, особено новата Insignia!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.