Fisker EMotion – новиот модел на познатиот играч ветува автономија од 650 километри – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fisker EMotion – новиот модел на познатиот играч ветува автономија од 650 километри

Многумина ќе го препознаат името Fisker – поранешниот дизајнер кој основа своја автомобилска компанија своевремено нудеше електричен автомобил – но со новиот модел ветуваат промена на правилата!

Компанијата Fisker ги објави првите официјални фотографии од новиот електричен седан кој го викаат EMotion. Компанијата на Henrik Fisker (кој своевремено потпиша прекрасни автомобили како што е BMW Z8 и сензуалниот Aston Martin DB9) претстави нов дизајн, кој пак крие целосно нов електричен погон.

fisker-emotion-front

Според Fisker, новиот EMotion ќе биде изграден околу платформа од карбон и алуминиум, што ќе му овозможи на седанот значително да ја намали тежината. Дополнително, батериите користат лесен графен во својата конструкција, а ќе бидат изработени заеднички од страна на Fisker и Nanotech Energy Inc – а батериите би требало на седанот на Fisker да му овозможат автономија од преку 400 милји, односно 643 километри, но и максимална брзина од 259 километри на час.

Секако, автомобилот не би бил во тек со модерните очекувања ако не нуди и можности за автономно возење. Сепак, бидејќи компанијата во моментов нема ресурси самата да развие ваков систем, тој ќе биде набавен од екстерен добавувач, кој во моментов не се објавува. Fisker ветува дек автомобилот ќе се произведува во САД и дека сериската верзија ќе ја видиме кон средината на следната година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.