Доколку побарате, американскиот тјунер Hennessey ќе ви направи специјална изведба на нивниот VelociRaptor – изведба која има 600 коњски сили и шест тркала!
Компанијата објави две компјутерски-генерирани фотографии од концептот кој го нарекуваат едноставно VelociRaptor 6X6 – и со нив најавуваат специјална изведба на популарниот (и екстремен) пикап. Според некои извори, големиот VelociRaptor 6X6 ќе биде придвижуван од 3.5-литарски EcoBoost турбо-бензинец кој испорачува 450 коњски сили и 690 Nm, но доколку побарате (и платите) Hennessey ќе го „дотера“ моторот да испорачува 600 коњски сили!
Според најавеното, овој екстремен пикап ќе чини некаде околу 300.000 (да, и со зборови – триста илјади) долари. Во ред, цената не е ниска – но ова изгледа како идеален автомобил да се преживее апокалипсата!