Продолжува да расте вредноста на брендот Hyundai – меѓу сите светски компании, Hyundai стигна до 35-тото место, односно шесто место меѓу автомобилските производители!
Глобалниот специјалист за брендови – Interbrand – го објави овогодинешното рангирање на светските брендови. Луѓето од Hyundai се горди дека и покрај тешката година за автомобилските производители, и автомобилската индустрија во целина, сепак нивниот бренд забележа значителен скок од четири места и стигна до шестата поцизија меѓу автомобилските брендови, односно 35-тата позиција на глобално ниво.
Продажбата на Hyndai Motor изнесува пет милиони возила – благодарение на успешното лансирање на моделите Creta, Sonata и одличниот Tucson. Секако, продолжува и проширувањето во премиум сегментот преку лансирање на брендот Genesis, а Hyundai сака да постигне и нови резултати со електричните IONIQ модели, како и N-дивизијата со возила со високи перформанси.
Од Interbrand за Hyundai изјавија: „Во изминатата година, Hyundai повторно ги редефинираше своите граници преку претставување на IONIQ за да преземе водство во идните технологии, со издвојување на Genesis брендот за подобро да се истакнат разликите меѓу брендовите и со нудење на иновативни искуства. Се радуваме на понатамошен раст на Hyundai како еден од предводниците на мобилноста во иднина.“