Peugeot ќе ја брани Дакар титулата со 3008 DKR! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot ќе ја брани Дакар титулата со 3008 DKR!

Французите се подготвени да си ја бранат титулата на Dakar релито, а нивниот нов натпреварувач е во форма на 3008 DKR!

По убедливата победа на Дакар Релито оваа година, луѓето од Peugeot сакаат да ја одбранат титулата следната година. Она што Peugeot го претстави е новото Dakar возило во форма на 3008 DKR.

Новиот 3008 DKR го заменува „стариот“ 2008 DKR кој доминираше минатата година. Како и претходниот модел, и 3008 DKR ги придвижува само задните тркала, а тоа го прави полесен и нуди одредени предности. Како што можеме да видиме од официјалните фотографии, дизајнот е ревидиран за да наликува на новиот SUV на францускиот производител кој неодамна беше претставен, а ќе биде меѓу главните ѕвезди на Peugeot на саемот на автомобили во Париз.

Сепак, новиот автомобил има и механички измени – кои започнуваат со модификации на 3-литарскиот твин-турбо V6 турбодизел, кој сега испорачува зголемен вртежен момент на пониски вртежи. Суспензијата е реконфигурирана за да може да издржи уште понерамен терен, а на целиот автомобил му е посветено внимание за да биде подоверлив и поиздржллив – дури и клима уредот е преработен.

Новиот 3008 DKR ќе биде тестиран веќе следниот месец – и тоа во Мароко. Зад воланот ќе биде легендарниот Carlos Sainz. а негов соперник ќе биде Cyril Despres кој ќе го вози минатогодинешниот 2008 DKR – за да може да се направи директна споредба на двете возила. Кога ќе дојде време за Dakar, на нив ќе им се придружат и 12-кратниот победник Stephane Peterhansel и легендата од WRC Sebastien Loeb!

Поврзано:  Peugeot ја комплетира електричната понуда со новиот Е-408



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.