Новиот седан на Alfa Romeo постави нов рекорд на легендарниот Nurburgring во својата категорија – погледнете како изгледаат 7 минути и 32 секунди маестрално возење!
Колку за потсетување – новата Giulia Quadrifoglio носи 2.9-литарски твин-турбо V6 кој испорачува 505 коњски сили и 600 Nm вртежен момент, благодарение на кои големиот италијански седан забрзува до 100 километри на час за само 3.9 секунди и постигнува максимални 305 километри на час.
Доволно информации – уживајте!