Официјалното откривање на новиот Skoda Kodiaq е закажно за само два дена од сега – но чешкиот производител веќе го откри пештерски-големиот ентериер на својот нов SUV.
Премиерата на новиот SUV на Skoda ќе се случи во четврток, но чешкиот производител веќе објави официјални фотографии од Kodiaq пред само неколку минути. Како што веќе знаеме, Kodiaq ќе се нуди со пет, но ќе може да се добие и со седум седишта. Моделот со пет седишта ќе има багажен простор со капацитет од 720 литри, кои ќе нараснуваат на импресивни 2065 литри со спуштен заден ред седишта.
Дополнително, од Skoda најавуваат најмалку 30 „Simply Clever“ додатоци кои би требало да го олеснат секојдневието со Kodiaq – заштита на рабовите на вратите, чадори, како и наслони за спиење.
Дизајнот во ентериерот е типичен за Skoda – и веднаш се препознава како дел од Volkswagen групацијата – чисти, јасни и прегледни инструменти, препознатливи и лесни контроли и одлична прегледност. Она што го забележуваме е новата генерација на Skoda Connect мултимедијалниот уред – веднаш се забележуваат повисоката резолуција и освежените графички детали.
Како што веќе напоменавме – премиерата е закажана за 1ви Септември, а своето „живо“ деби Kodiaq ќе го има на саемот на автомобили во Париз. Продажбата би требало да започне кон крајот на оваа година, односно на почетокот на 2017, во зависност од пазарот.