KIA ја најавува новата, четврта генерација на Rio! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA ја најавува новата, четврта генерација на Rio!

Новата, четврта генерација на популарниот KIA Rio ќе ја има својата премира на Саемот на Автомобили во Париз, а јужно-корејскиот производител го најавува новиот автомобил со неколку официјални скици.

Според скиците кои ги гледаме, можеме да очекуваме значителна еволуција кај новата, четврта генерација на KIA Rio – нам ни личи дека малиот хечбек ќе добие значително поспортски дизајн со поагресивен став и нагласени диманични линии.

kia-rio-render-interior

Новото Rio е дизајнирано во Германија и Калифорнија, ќе има продолжено меѓуоскино растојание и ќе биде глобален автомобил. Ќе се нуди во варијанта со три и пет врати, а може да се случи да се понуди и седан изведба со четири врати која е особено популарна во САД. Претпоставуваме дека ќе се нудат истите мотори кои и досега се нудеа во Rio, но KIA веќе најави дека сосема е извесна и Rio GT изведба која ќе има нагласени спортски карактеристики и моќен турбо-бензинец.

kia-rio-render-rear2

Со оглед на тоа дека Rio е значаен модел за KIA, очекувањата се високи. По скиците гледаме дека некои препознатливи елементи ќе останат и во новата генерација, но сепак со преку половина милион продадени примероци минатата година, навистина нема простор за грешки. Го очекуваме саемот во Париз!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.