ВИДЕО: Брзински рекорд со 2400-коњски Volvo Iron Knight! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВИДЕО: Брзински рекорд со 2400-коњски Volvo Iron Knight!

Обично камионите не се наше поле на интерес – но ова не можевме да го пропуштиме – погледнете како камион на Volvo со 13-литарски турбодизел кој испорачува 2400 коњски сили и 6000 Nm вртежен момент поставува брзински рекорд!

Монументалниот Iron Knight (Железен Витез) на Volvo постави два нови брзински рекорди – кај камионите тие се мерат на 500 и 1000 метри. За рекордот на 500 метри, големиот Iron Knight постигна просечна брзина од 131.29 километри за само 13.71 секунда. Поинтересен е рекордот на 1000 метри, каде постигна просечни 169 километри за само 21.29 секуни.

Зад управувачот на 4.5-тонскиот џин беше Boije Ovebrink кој своевремено беше европски Truck Racing шампион и во своето портфолио веќе има пет брзински рекорди. Иако конкретниот рекорд не е за максимална брзина, Iron Knight сепак успеа да постигне максимална брзина од 276 километри на час за време на тестирањето.

Сето ова е благодарение на огромниот 13-литарски турбодизел кој има четири турбо-полначи и огромен интеркулер. Резултат на тоа се 2400 коњски сили и 6000 Nm вртежен момент. За преносот е задолжен менувач со двојна спојка кој ја пренесува силата кон задните тркала.

Погледнете како сето тоа изгледа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.