Mercedes-Benz го претстави камперот Vito Marco Polo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz го претстави камперот Vito Marco Polo

Вановите на Mercedes долги години служат како популарна база за конверзија во камп возила, но дури сега Германскиот производител се одлучи да произведе фабричка камп изведба наречена Vito Marco Polo.

Моделот располага со четири кревети и го нуди типичното премиум искуство кое го очекуваме од Mercedes-Benz. Marco Polo претставува функционален и флексибилен патнички придружник, не само за млади фамилии, туку исто така и за спортски ентузијасти и љубители на природата.

Идната седмица на караванскиот саем во Дизелдорф, Германија, Mercedes ќе прикаже неколку нови верзии од Marco Polo. Верзијата Marco Polo Edition (прикажана во бела боја) добива надворешен спортски пакет и 17-инчни тркала, како и неколку надградби на клима уредот, навигацијата и системот за информации и забава.

Изведбата Activity Edition (прикажана со приколка) добива слични надградби на клима уредот, навигацијата и системот за информации и забава, но доаѓа со малку поинаков козметички третман. Исто така е значително поефтина од Edition, најмногу бидејќи е достапна со погонски единици со помала сила. Првата започнува од 88 кс и погон на предните тркала, додека најсилната доѓа со 190 кс и погон на сите тркала.

Тука е исто така и спортски дотераната AMG Line верзија (прикажана во сребрена боја) како и Vansportcamper (прикажан со црни тркала) која е создадена од специјалистите Terracamper.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.