Регулаторна ги зголеми цените на горивата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Регулаторна ги зголеми цените на горивата

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на бензините и дизелот – од вечерва ќе купуваме поскапи горива!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 4.37 проценти.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 61.50 односно 63.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото исто така се зголемува за 2.00 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 48 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.