Audi ја започнува продажбата на Q2 со робустниот Edition #1 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi ја започнува продажбата на Q2 со робустниот Edition #1

Новиот кросовер на Audi наскоро ќе пристигне во салоните, а за да го прослави стартот на продажбата германскиот производител ќе го понуди Q2 Edition #1!

Audi Q2 Edition #1 ќе се нуди само во специјална боја која се вика Quantum Gray, а дел од стандардната опрема ќе биде S-Line пакетот кој вклучува поспортски преден и заден браник, странични прагови како и заден дифузер. Q2 Edition #1 добива и црни Ц-столбови и странични ретровизори, како и титаниум-сиви детали на предната маска, браниците и големите 19-инчни тркала.

Static photo, Colour: quantum gray

Static photo, Colour: quantum gray

Ентериерот добива електрични спортски седишта, мултифункциски управувач, нагодливо LED амбиенталноосветлување, додека седиштата и тапацирите се во двобојна комбинација од кожа и текстил.

Static photo, Colour: quantum gray

Static photo, Colour: quantum gray

Купувачите ќе можат да го нарачаат Q2 Edition #1 со било кој од моторите со кои се нуди – а тоа значи гама на турбо-бензински и турбодизел мотори со зафатнина од 1.4 до 2 литри кои нудат меѓу 115 до 150 коњски сили. Наскоро во гамата ќе биде понуден и нов 1-литарски три-цилиндерски TSI турбо-бензинец.

Static photo, Colour: quantum gray

Static photo, Colour: quantum gray

Испораката на Q2 ќе започне оваа есен.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.