Jaguar размислува да го претвори следниот XJ во ривал на Panamera – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar размислува да го претвори следниот XJ во ривал на Panamera

Наредната генерација на моделот XJ се очекува да се појави на пазарот при крајот на 2019 или почетокот на 2020. До тоа време, компанијата размислува за промена на неговата позиција во сегментот.

Според внатрешни информации од вработени во компанијата, Jaguar се двоуми дали да го претвори следниот XJ во конкурент на Porsche Panamera. Ова би значело промена на неговата сегашна позиција, од ривал на Mercedes S-Class. Разликата помеѓу двете области на пазарот би значело промена на формата на XJ, како и изменето однесување на патот.

Jaguar XJ е моментално на исто ниво по тежина со Porsche Panamera, а Британскиот модел е полесен од еквивалентните модели на Mercedes-Benz S-Class и Maserati Quattroporte. Разликата во тежина помеѓу XJ и S-Class е очигледно најголема предност за Британскиот модел, но доколку Jaguar сака да се натпреварува со Porsche, се очекува компанијата да го направи XJ уште полесен.

За времето на неговото претставување на пазарот, XJ беше еден од првите модели во сегментот кој беше достапен со алуминиумска каросерија. Иновативниот пристап му овозможи на Jaguar да донесе пониска тежина, со што обезбедува подобрена економија на возење и подинамично управување.

Во текот на изминатите години од претставувањето, конкурентните производители се доближија до Jaguar во делот со тежината, дури и кога нивните модели не се еквивалентни со XJ. Ова би значело дека Британскиот бренд ќе треба уште повеќе да се потрди да ја направи наредната генерација што е можно полесна и поагилна.

Од друга страна, Jaguar се очекува да претстави хибридна технологија во следниот XJ, бидејќи сите други модели од сегментот располагаат со некоја форма на хибридизација. Британскиот бренд ќе треба да осмисли систем кој ќе ја подобри економијата на возење и перформансите, а истовремено да ја задржи ниската тежина, што е навистина тешка задача.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.