Први фотографии од новото шаторско студио на The Grand Tour – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии од новото шаторско студио на The Grand Tour

Кларксон, Хамонд и Меј го завршија и објавија фотографии од првото снимање во студио за новото шоу наречено The Grand Tour во Јоханесбург, Јужна Африка.

Претходно беше објавено дека новото шоу ќе биде снимано во шатор, но првите фотографии ни откриваат многу импресивна конструкција, која не само што има доволно место за публиката, туку исто така има многу пријатна атмосфера. Нормално, трoјцата презентери се сместени во централниот дел, околу маса, додека публиката ги опкружува слично како во нивното претходно шоу Top Gear.

Сеуште не се познати детали околу тоа што имаат испланирано за првата епизода, бидејќи Amazon се однесува навистина заштитнички околу нивното ново шоу и содржина. Се што знаеме досега е дека The Grand Tour ќе емитува 12 епизоди во првата сезона, а дополнителни две сезони се веќе договорени. Подвижното шаторско студио исто така се очекува да ги посети САД, Велика Британија и Германија, додека дебитанстката епизода ќе се емитува оваа есен на сеуште недефинирана дата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.