Mercedes-Benz се подготвува за неизбежното заминување на сегашната, втора генерација на купето со четири врати и Shooting Brake изведбата на CLS Class со нивната Final Edition верзија.
Моделот добива AMG Line пакет за екстериерот, кој содржи „дијамантска“ решетка на ладилникот со украси од хром, спортски преден и заден браник, поистакнати странични прагови, двојни издувни цевки и 19-инчни тркала во црна боја, а во понуда ќе бидат и сребрени 18-инчни тркала за оние кои преферираат понормален изглед.
Ентериерот е во црна кожа со контрастни светли опшивки. Мултиконтурните предни седишта располагаат со греење и се прилагодуваат на повеќе различни начини, додека управувачот со зарамнето дно има Dinamica микрофибер облога и сребрени лопатки за менување на брзини. Тука се исто така и LED предни светлосни групи, сончев кров на лизгање и затемнети стакла.
Пакетот е достапен кај секој CLS модел, вклучувајќи ги Coupe и Shooting Brake изведбите, а чини дополнителни 8,211 евра над основната цена. Цените започнуваат од 54,680 евра во Германија.
Моделот E Class кој ја делеше платформата со CLS веќе доби нова генерација, а се чини дека истиот нема да се задржи на пазарот уште долго. Најновите информации најавуваат дека наредната генерација на CLS може да се појави при крајот на 2017 или на почетокот од 2018 година. За жал, изгледа дека интересниот но слабо продаван Shooting Brake караван нема да ја преживее транзицијата.