PSA групацијата ги објави резултатите од тестовите за реална потрошувачка – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

PSA групацијата ги објави резултатите од тестовите за реална потрошувачка

Француските производители го остварија ветеното и објавија резултати од тестови на потрошувачка во реалниот свет.

Тестирањата беа изведени од страна на две независни невладини организации – едната е Transport & Environment (T&E) а другата е France Nature Environment (FNE). Овие организации беа подложени на проверка од Bureau Veritas за да се потврди веродостојноста на финалните бројки.

Изведените тестирања беа базирани на Real Driving Emissions (RDE) проектот на Европската Унија, а потрошувачката се мери со посебен уред кој се вградува во возилото и не ја мери само потрошувачката на гориво, туку и емисијата на штетни гасови. Тестот е подетален од тековниот NEDC (кој често е мета на критики бидејќи резултира со крајно нереални бројки) и вклучува 25 километри во градски услови, 39 километри регионални (рурални) патишта и 31 километар на автопат – и сето тоа во услови на реално возење.

Покрај возачот, во автомобилот има и совозач како и багаж, а цело време е вклучен клима уредот. Тестирањата вклучуваа 14 модели на Peugeot, 11 на Citroen и 3 автомобили од DS гамата. Peugeot најави дека до крајот на 2016 на нивната официјална веб-страница ќе постават симулатор на потрошувачката, за да им помогнат на своите купувачи да ја предвидат потрошувачката во согласност со нивниот стил и услови на возење. Дополнително ќе биде лансирана и eco-driving апликација која ќе им помогне да ја намалат потрошувачката на своите возила.

Ние ја поздравуваме оваа акција на PSA – вистинско освежување е да се види како еден производител е подготвен да застане зад своите тврдења и да понуди реални резултати. Во продолжение погледнете ги табелите со измерената потрошувачка според T&E, потрошувачката според нереалниот NEDC и разликата меѓу нив.

Поврзано:  ТЕСТ: Peugeot 208 1.2 Puretech Active - Храброст и боја во градското сивило

peugeot-potrosuvacka-tabela

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.