Нашите пријатели од Wurth беа домаќини на последното CARclub дружење пред да започне сезоната на годишните одмори – ние се дружевме а луѓето од Wurth ни ги презентираа своите продукти. Погледнете како поминавме!
Околу 50-тина автомобили ни се придружија на паркинг-просторот пред објектот на Wurth, а дојдоа и нашите пријатели од Mazda и Seat кои им овозможија на присутните да ги разгледаат (и повозат) малата MX-5 и одличниот Leon FR TDI. Се дружевме, си ги покажувавме автомобилите, дискутиравме за разно-разните случки и искуства – и сето тоа во рамките на објектот на Wurth.
Нашите домаќини ни претставија дел од продуктите кои ги нудат а се наменети за автомобилите, а ни покажаа и дел од алатите кои ги нудат. Бидејќи секогаш го препорачуваме квалитетот, со задоволство ги препорачуваме Wurth и благодариме за укажаното гостпримство! Најавуваме уште дружење во иднина!
Фотографија: Дејан Маликовски
Фотографија: CARclub.mk