Претставен „Ѕверот од Зелениот Пекол“ – Mercedes-AMG GT R има 585 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен „Ѕверот од Зелениот Пекол“ – Mercedes-AMG GT R има 585 коњски сили!

AMG-дивизијата ја претстави најекстремната верзија на супер-спортскиот GT – ја носи ознаката GT R, полесен е 90 килограми и има на располагање 585 коњски сили!

Новиот Mercedes-AMG GT R е 90 килограми полесен од GT S – тежи само 1554 килограми, а сето тоа е направено благодарение на полесните компоненти и екстензивното користење на ултра-лесни материјали.

Кога сето тоа ќе се искомбинира со темелно преработениот мотор – кој сега испорачува 585 коњски сили и 700 Nm вртежен момент – добиваме перформанси кои од кои застанува здивот! Забрзувањето до 100 километри на час трае само 3.6 секунди, додека максималната брзина е 318 километри на час.

Сепак, не се важни само перформансите во права линија – инженерите на GT R посветија многу време на усовршување на автомобилот на Nurburgring, па тој добива темелно преработена суспензија, бодикит инспириран од AMG GT3 тркачкиот автомобил, нови отвори за воздух, голем заден спојлер и нов заден дифузер, лесни 20-инчни ковани тркала обвиени во Michelin Cup 2 пневматици и уште многу ситници. Важна компонента е и системот за активна аеродинамика кој при брзини над 80 километри на час значително го изменува протокот на воздух и го подобрува потисокот.

Адаптивната суспензија е специјално дизајнирана да ги понуди најдобрите можни перформанси на тркачката патека. Дополнително, AMG GT R доаѓа со систем за активно управување на задните тркала, кој при брзини до 100 километри на час ги врти задните тркала во спротивна насока од предните, додека над 100 километри на час во истата насока. Системот за контрола на тракцијата дозволува нагодување на 9 различни нивоа, па возачот може да избере ниво кое нему највеќе му одговара.

Поврзано:  Mercedes-Benz тестира EQS со цврста батерија и автономија до 1000 километри

Ентериерот добива AMG спортски седишта, обвиени во Nappa кожа. Седиштата се исклучително лесни и нудат одлична поддршка во свиоци. Ќе забележите и жолти опшивки, жолти сигурносни појаси, детали во сјајна црна боја и многу други спортски детали.

На самиот крај, Mercedes AMG GT R го заокружува екстремниот издувен систем. Нема да објаснуваме многу – можете да слушнете и самите – погледнете како изгледаше откривањето на екстремниот AMG GT R!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.