По вчерашната прва епизода на спектакуларниот Transfăgărășan, Ford не води во Велика Британија, на патот во Блејки Риџ, во Северен Јоркшир.
Патот се протега помеѓу градовите Данби на Север и Хатон Ли Хоул на Југ, во Националниот парк Норт Јорк Моорс. Долг само 15 милји, можеби е најкраткиот од овој серијал, но начинот на кој се свива околу мочурливата околина, појавувајќи слепи издигнатини и брзи, но тесни свиоци е тотално фасцинирачки.
Ford за презентирање на оваа локација го употреби новиот Focus RS – вистински рели ѕвер наменет за патиштата. Тој е погонуван од 2.3-литарски турбо-бензински агрегат кој произведува 350 кс и 440 Nm вртежен момент, кои ги испорачува преку мануелна трансмисија кон сите четири тркала.
Погледнете ја втората епизода за оваа вечер, а утре повторно се гледаме со Ford на нови патишта!