Пристигнува спортски-настроено Renault Twingo GT со 110 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигнува спортски-настроено Renault Twingo GT со 110 кс

Renault претстави поспортски настроена верзија на Twingo која ја носи ознаката „GT“ и доаѓа со поголема сила, преработена суспензија и украсни „тркачки“ ленти.

Пристигнува долго-очекуваниот модел на Renault, засилен за 20 кс во однос на стандардната изведба на 0.9-литарскиот TCe турбо-бензински мотор со 90 коњски сили. Резултатот се 110 коњски сили, а вртежниот момент расте од 135 на 175 Nm. Можеби овие разлики не делуваат како значителни, но кога ќе се земе во предвид ниската тежина може да се заклучи дека ова ќе биде навистина забавен автомобил.

Тоа е всушност истата погонска единица која се наоѓа во речиси-идентичниот Smart ForFour Brabus, кој забрзува од 0-100 км/ч за 10.5 секунди и постигнува максимална брзина од 180 км/ч. Twingo GT e опремен со шест-степен мануелен менувач кој ја испорачува силата кон задните тркала.

wsedt

Тоа што најмногу ќе ги задоволи купувачите е податокот дека Renault ја преработи суспензијата со цел да го подобрат управувањето, а исто така преработен е и престрогиот ESP систем. Варијабилниот однос на управувачот останува за поживо реагирање во остри свиоци.

Екстериерот го истакнува спортскиот карактер со нови 17-инчни алуминиумски фелни, комбинирани со намалена висина на возење, понагласени отвори за воздух и двојни издувни цевки. Тука се и RenaultSport ознаки и украсни ленти од страните, на предниот поклопец и покривот.  Моделот ќе биде достапен во избор од четири бои: специјална нијанса на портокалова, црна, сива или бела боја.

Во внатрешноста се забележуваат нови алуминиумски педали и рачка на менувачот, додека остатоткот од кабината добива портокалови украси.

Новиот Twingo GT ќе биде јавно претставен во деновите помеѓу 23-ти и 26-ти Јуни во текот на настанот Goodwood Festival of Speed.

Поврзано:  Renault Rafale пристигна во Македонија!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.