Компанијата Nissan официјално објави дека ќе откупи контролирачки 34 процентен удел од Mitsubishi Motors по цена од 2,2 билиони долари.
Ова ќе го направи брендот Nissan најголем акционер во Mitsubishi, формирајќи стратешка алијанса помеѓу двата Јапонски автомобилски производители. Новиот договор ќе значи заедничко работење на двете компании во областите на купување, развој на заеднички платформи за возила, делење на технологијата, користење на заеднички фабрики и раст на пазарот.
Договорот се очекува да биде потпишан до 25ти Мај, што ќе му даде на Nissan право не само да назначи четири директори во бордот на Mitsubishi, туку и да одлучи кој ќе биде следниот извршен директор на брендот.
Nissan и Mitsubishi склучуваат партнерство во многу чувствителен период за Mitsubishi. Јапонскиот производител познат по рели-доминацијата се соочи со сопствен скандал за фалсификување на резултати за економичност кај некои модели наменети исклучиво за домашниот пазар, па во моментов работи на намалување на последиците од овој непријатен настан. Според некои експерти, ова му овозможи на Nissan да го откупи контролирачкиот удел во Mitsubishi по речиси половина од неговата поранешна врендост, но истовремено Mitsubishi добива многу потребен прилив на готовина кој е повеќе од добредојден во овој чувствителен период.