По неколку месеци смислување на хумористични имиња за нивното ново шоу на Amazon, Кларксон, Хамонд и Меј конечно се решија да го именуваат ‘The Grand Tour’.
Можеби на прв поглед не изгледа многу возбудливо, но името на ова шоу крие опсежна тема позади него, бидејќи ќе опфаќа кратки филмови снимени на различни локации околу светот, а делот со студио и публика исто така ќе се одвива на различна локација околу светот секоја недела. Или со зборовите на Џереми: “Работата е, ние ќе патуваме низ светот организирајќи ја секоја епизода во различна земја, во огромен шатор. Тоа е некоја врста на ‘голема турнеја’, па затоа се одлучивме да ја викаме ‘Големата Турнеја'(The Grand Tour).
Исто како на Top Gear, студио сегментите од програмата ќе бидат снимени пред жива публика, сите сместени во џиновски шатор – па доколку се прашувавте што би можеле тие да направат со огромниот буџет на Amazon, ова е вашиот одговор.
Во претходно интервју, Кларксон рече дека тој и екипажот потрошиле илјадници фунти во смислување на различни имиња, дури го земале во предвид “Gear Knobs” во еден момент, но една клаузула со BBC ги сопрела да користат било каков наслов кој го содржи зборот “gear” во него. Без оглед на тоа, моменталното име ја рефлектира нивната светска амбиција, авантура и интрига.