Луѓето од Синиот Овал решија на посебен начин да ни ги покажат можностите на EcoBoost турбо-бензинците и за искуството да биде комплетно тие го ангажираа Долф Лундгрен!
Верувале или не, Долф Лундгрен (исто така познат по улогата на Ivan Drago во Rocky IV и Gunner Jensen во Expendables филмповите) е дипломиран хемичар – па тој одлично се усогласи со улогата на „лудиот научник“ на Ford.
На видеата ќе видите како Dolph Lundgren го користи 1-литарскиот EcoBoost турбо-бензинец на Ford кој има 125 коњски сили и 200 Nm вртежен момент за да придвижи скејтборд, да погонува миксер и да лансира безбол топки. Ако тоа не е забавно, не знаеме што е!
Погледнете и уживајте!