Новата Alfa Romeo Giulia QV е веќе дел од италијанската полиција – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Alfa Romeo Giulia QV е веќе дел од италијанската полиција

Карабиниерите – високиот оддел од Италијанската полиција кој се занимава со посериозниот криминал – добија засилување во форма на новата Alfa Romeo Giulia QV.

Извршниот директор на FCA групацијата, Серџо Маркионе им додели два специјално развиени примероци од супер седанот, кој сега станува најбрзиот модел користен од Италијанската полиција. Досега, тоа беа двата примероци од Lotus Evora кои помагаат во решавањето на случаите од 2011.

Исто како Британскиот спортист, моделите на Alfa Romeo ќе им се придружат на Карабиниерите во Рим и Милано за главно да обезбедат брз одговор и да испорачаат важни итни услуги. Само селекција од неколку членови на специјалната полиција ќе ја имаат можноста да ги возат овие автомобили по завршување на специјален возачки курс кој ќе го предаваат инструктори од Alfa Romeo.

Alfa-Romeo-Giulia-QV0Police-2

Двата примероци ја задржуваат фабричката конфигурација како сериската Giulia QV, што не е за изненадување бидејќи е погонувана од 2.9-литарски твин-турбо V6 агрегат кој произведува 503 кс и забрзува од 0-100 км/ч за само 3.9 секунди. Сепак, тие добиваат специфична опема за полициска работа која содржи кровни LED ротациони светла, разни видео камери за снимање и таблети во кабината.

FCA склучи договор со Италијанската полиција да испорача околу 800 автомобили во текот на 2016 година, вклучувајќи голем број на Alfa Romeo Giulietta, Jeep Renegade и Fiat Panda 4×4.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.