Германскиот премиум бренд претстави нов мотор со четири турбополначи кој ќе биде на самиот врв од палетата на дизел мотори.
Новиот агрегат има зафатнина од 3.0 литри и користи два турбополначи со низок притисок и два турбополначи со висок притисок, резултирајќи со поголема сила и подобрување од 5% во споредба со претходниот мотор со три турбополначи кој ќе го замени.
Може да се пофали со сила од 394 коњски сили во опсег од 4000 до 4400 вртежи во минута и вртежен момент од 760 Nm достапен помеѓу 2000 и 3000 вртежи во минута. Сепак,м максималниот вртежен момент е ограничен од можностите на осум-степениот автоматски менувач.
Својата премиера ќе ја има во новиот 750d xDrive, a агрегатот ќе му овозможи на знаменосниот седан да забрза од 0-100 км/ч за околу 4.5 секунди, сè до електронски ограничената максимална брзина од 250 км/ч.
Целосните детали и информации треба наскоро да бидат објавени, но се очекува производителот да ја додаде оваа погонска единица и во некои возила од M Performance гамата, како M50d верзите од X5 и X6, како и следната генерација на Серија 5.
Извор на фотографии Bimmerpost