Volvo бара стандардизација на системите за полнење на електрични возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo бара стандардизација на системите за полнење на електрични возила

Шведскиот производител инсистира на стандардизација на системите за полнење на електрични возила – со тоа не само што би се намалила цената на овие системи, туку и би се забрзало пристигнувањето на ваквите возила на пазарот!

Volvo ги повика сите производители на електрични возила да работат кон развивање на заедничка инфраструктура за полнење на возилата. Иницијативата на Volvo е во согласност со нивниот план да понудат на пазарот електрично возило наменето за широка потрошувачка до 2019-тата година, но и плаг0ин хибридни варијанти на целата гама на возила до крајот на оваа декада.

volvo-charging2

Volvo е дел од конзорциум на производители на електрични возила наречена Charging Interface Initiative, кои имаат цел да ја постигнат целта за стандардизирано полнење на возилата. Одговорниот за Истражување и Развој во Volvo, Dr. Peter Mertens го презема водството во оваа иницијатива: „Гледаме дека движењето кон целосно електрични возила е веќе во тек, а како што се подобрува технологијата за батерии, цените паѓаат и инфраструктурата доаѓа на своето место. Но иако сме подготвени од технолошки аспект, инфраструктурата за полнење сè уште не е онаму каде би требала да биде. За стравот од ограничената автономија навистина да биде во минатото, навистина ни е потребен глобално-стандардизиран систем за полнење.“

volvo-charging4

Предложениот Combined Charging System нуди како обично полнење, така и брзо полнење – со можност да понуди од 43 kW наизменична струја, па сè до 200 kW еднонасочна струја, со можност тоа дополнително да биде зголемено на 300 kW.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.