По минатогодишните премиери на редизајнираните Auris и Avensis, Toyota за оваа година подготвија и обновена Corolla.
Ова се првите официјални фотографии кои откриваат дека освежената Corolla добива редизајниран преден дел со нова маска во стилот на актуелниот дизајнерски јазик на брендот, предни светлосни групи и браник, додека на задниот дел промените ги опфаќаат само новите LED светла.
Останатите промени во понудата ги сочинуваат новите дизајни на алуминиумски фелни од 16 и 17 инчи, пошироката палета на бои, и Toyota Safety Sense пакет од безбедносни системи, кој вклучува Pre-Collision System, Lane Departure Alert, Road Sign Assist i Automatic High Beam.
Се чини дека фејслифтираната Corolla нема измени во внатрешноста и погонските единици, бидејќи не се објавени останати фотографии и информации за тие области. Освежениот модел ќе излезе во продажба во Европа почнувајќи од ова лето.