Формула Дрифт и Реликрос шампионот Танер Фауст ги покажува можностите на уникатното возило Polaris SlingshotX низ улиците на Сан Диего, Калифорнија.
Недостатокот на едно тркало не го прави овој модел поневозбудлив, туку баш напротив. Polaris SlingshotX со неговите 400 кс и ниската тежина од само 790 килограми со неговите перформанси навлегува во категоријата на суперавтомобили. Дополнително, кога на неговото единствено седиште ќе се најде вистински професионалец, со сигурност може да се очекува незаборавно возење исполнето со разни лудории, кое во ноќни услови изгледа како сцена од филмот Бетмен.
Погледнете го видеото и уживајте!