Шведскиот производител ја разоткри сериската верзија од Regera, која претрпела над 3,000 измени за да го подготви хиперавтомобилот за производство, а резултатот изгледа дека ќе го засени дури и моќниот Chiron со своите перформанси.
Koenigsegg за прв пат го претстави концептниот автомобил Regera на минатогодишниот саем во Женева, а во текот на овие 12 месеци од тогаш, производителот собирал нарачки и се подготвувал себе си за производство на моделот.
Како што беше претходно кажано, серискиот модел на Koenigsegg Regera забрзува од 0-100 км/ч за само 2.8 секунди, додека за забрзување од место до бројката од 200 км/ч му се потребни само 6.6 секунди. Забрзувањето од 0-300 км/ч одзема само 10.9 секунди, а бидејќи хиперавтомобилот поминува над 400км/ч, компанијата објави очекувано време од 20 секунди за овој подвиг.
Новата Regera не е брза само од место, бидејќи погонот може да испорача вртоглаво забрзување и од високи брзини. За пример, брзо накачување на брзината од 150 км/ч до 250 км/ч трае само 3.9 секунди.
Како сите што знаеме до сега, најзначајната одлика на Koenigsegg Regera е недостатокот на менувач, бидејќи користи нова технологија која компанијата ја нарекува Direct Drive. Од Koenigsegg признаваат дека системот бил комплициран за развој, но вреден. Системот на Regera е уникатен во автомобилскиот свет и обезбедува импресивни забрзувања додека ја намалува традиционалната загуба на сила во преносот.
Koenigsegg Regera има маса од 1,590 килограми, заедно со маслото, горивото, течноста во ладилникот и останати течности. Масата на празно возило изнесува 1,470 килограми.
Иако хиперавтомобилот развива максимален вртежен момент од 2,000 Nm и максимална сила од 1,500 кс, тој сепак располага и со модерна технологија. Тоа значи дека не е само тркачки автомобил за на патиштата, туку и возило кое доаѓа со Apple CarPlay со Wi-Fi функционалност, задна камера, како и други луксузни аксесоари. Исто така, Regera располага со функција наречена Autoskin која му овозможува на возачот далечински да ги отвори вратите, предниот поклоцец и задниот поклопец на моторот со онборд хидрауличен систем.